Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски мафтајќи со зелено знамеце го означи стартот на изградбата на автопатот Прилеп- Битола, Груби дојде со маица со натпис 10 Д

/

пред 1251 дена

Сподели преку :

Со свечена церемонија слична на онаа за Коридорот 8, се означи стартот и на 10 ката- автопатот од  Припел  до  Битола.  Повторно на едно место се  собра целата  Влада. Меѓу гостите беа и дипломатите од земјава.  Вицепремиерот Груби овој пат дојде облечен со бела маица со натпис 10 Д.  По  говорите  и благодарниците, сите заедно облечени во флуоресцентни елеци ја открија таблата од Коридорот, зад која неколку машини го рамнеа теренот. Премиерот обелодени и факти – министри од овој крај досега не успеле да го изградат автопатот  и сега  ќе го гради  штипјанец.

По поздравите и честитките, вицепремиерот Груби рече дека нема никој да ја спречи изградбата на овој проект, дури ни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Автопатот од Прилеп до Битола кој ќе го гради конзорциумот Бехтел и Енка  е со должина од  околу 40 километри.

Минатиот  месец на сличен начин се означи стартот  и на изградбата на Коридорот 8, – патниот правец Тетово – Гостивар  Букојчани и Требеништа – Струга- Ќафасан.

Спорните закони за  проектите, сега ќе се носат со европско знаменце и ќе одат по брза процедура во Собранието. А токму амбасадорот Гир во име на Европската унија рече дека тие не се согласуваат со европското знаменце на законите повзрани со реалзиаицјата на договорот со Бехтел и Енка. Властите пак тврдат  со носењето на овие  закони, според проценките од физибилити студија Коридорите  ќе чинат 1, 3 милијадри евра, ако не  се донесат сумата ќе биде поголема.

Ирена Чачкова