Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА демантира дека финалето во ЛШ нема да се одржи во Истанбул

/

пред 1243 дена

Сподели преку :

Откако на почетокот од денот се појави информација дека УЕФА размислува повторно да му ја одземе организацијата на Истанбул на финалето од Лигата на шампионите, Европската фудбалска федерација само потврди дека битката за трофејот во елитното натпреварување дефинитивно ќе се одржи во Турција.

Дел од медиумите во Европа шпекулираа дека Истанбул повторно може да остане без финалето и тоа поради стравувањето дека постои можност од немири како последица на претседателските избори во земјата.

Истанбул веќе два пати во последниве години извиси како домаќин на финалето, а тоа се случи во 2020 и 2021 година во времето на пандемијата со Ковид-19.

Во финалето едно е сигурно дека ќе настапи клуб од Милано и тоа поуспешниот од соочувањето меѓу Интер и Милан, а за второто место се борат Манчестер Сити и Реал Мадрид.