Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува решавачката битка за трофејот во ракометниот Куп

/

пред 1240 дена

Сподели преку :

Охрид е домаќин на завршницата од ракометниот Куп на Македонија, а денеска се на програмата се решавачките мечеви за трофејот во ова натпреварување.

Од 15 часот ќе се одигра мечот во женска конкуренција во кој ЖРК Вардар ќе се соочи со Куманово.

Ракометарките на Вардар вчера со 27:25 успеаа да триумфираат во дуелот против шампионот на Македонија, Ѓорче Петров додека Кумановски место во финалето обезбедија без борба откако ЖРК Металург претходно го откажа настапот во завршницата од Купот.

За 18 часот закажан е почетокот на финалето во машка конкуренција каде за трофејот ќе се борат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Ова ќе биде второ соочување на вечните ривали по минатонеделниот дуел во Супер лигата по кој Битолчани успеаа да слават и сега ќе се обидат да стигнат до двојната круна.

ФОТО: Игор Паневски