Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со багер го урнале ѕидот и упаднале во поликлинката Бит-Пазар за да градат паркинг

/

пред 1256 дена

Сподели преку :

Урната ограда, разорена почва, напластена ризла. Ова не е почеток на изградба на голем градежен проект туку болничкиот двор на поликлиниката Бит- Пазар.

Зад овие градежни активности не стои компанија ниту план а ниту пак проект, туку двајца скопјани кои доцна во ноќтта решиле да изградат паркинг.

Кога чуварот пријавил дека во дворот упаднал багер, одговорните помислиле дека се шегува.

Немале градежна дозвола, но затоа имале јасен план. Да изградат паркинг, и да ќаруваат, и тоа без данок.

Тајната операција е спречена, но затоа штетата ќе ја трпат граѓаните, а ќе ја плаќа институцијата.

Багерот е остранет, а дрските градажници зад решетки.

Дека проектот на дивите градежници во ноќтта не е наивна идеја се сомнева и обвинителството кое се уште разговара со луѓето кои упаднале во болницата со багер, трагајќи по нивните мотиви.

Неофицијално уапсените се дел од политичко-партиските пресметките во Општина Чаир.

Павле Беловски