Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Последно коло во домашниот фудбалски шампионат

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Со натпреварите од 33. коло завршува Првата македонска фудбалска лига.

Последната рунда освен за престиж нема да донесе измени во редоследот во битката за титулата и настапот во европските клупски натпреварувања како и битката за опстанок и настап во баражот.

Струга веќе ја прослави шампионската титула и во последното коло го пречекува Шкупи, Шкендија која е сигурно трета му гостува на Работнички додека четвртопласираниот Силекс во Струмица ќе се сретне со Академија Пандев.

Победа која во следната сезона ќе биде дел од второлигашката конкуренција го пречекува Тиквеш, а Скопје кој за една недела ќе игра бараж за опстанок во лигата е домаќин на Брегалница.

Сите натпревари почнуваат во 17 часот.

ФОТО: Игор Паневски