Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белорусија како домаќин во Унгарија

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Белорусија следните два натпревари од квалификациите за Европското првенство ќе ги игра во Унгарија.

Репрезентацијата на Белорусија до сега мечевите ги играше во Србија, но бидејќи во еден од двата меча противник е селекцијата на Косово на барање на УЕФА сега ќе биде домаќин во Унгарија.

Белорусите на 16 јуни во Будимпешта ќе го пречекаат Израел, а три дена подоцна следува и соочувањето Косово.

Двата натпревари ќе се играат на стадионот Ференц Суса на кој настапува Ујпешт без присуство на гледачи.

Унгарската фудбалска асоцијација потврди дека веќе потпишала договор со Белоруската асоцијација која ќе ги сноси трошоците за организација на двата меча.

Белорусите во првите две квалификациски рунди беа поразени од Швајцарија со 5:0 во меч што се играше во Нови Сад, а потоа следуваше и пораз од 2:1 во дуелот со Романија.

ФОТО: Игор Паневски