Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струга со триумф ја потврди титулата во ПМФЛ

/

пред 1241 дена

Сподели преку :

Во дербито од последното коло во домашното фудбалско првенство, Струга пред своите навивачи го совлада Шкупи со 2:1 и со триумф ја потврди првата шампионска титула во клупската историја.

Гостите први дојдоа до водство и тоа преку Сандеј Адетунџи во 28-та минута. Во второто полувреме новиот првак успеа да направи пресврт и со погодоците на Марјан Радески и Бесарт Ибраими, кој со вкупно 19 гола по петти пат во кариерата е најдобар стрелец во домашното првенство.

Шкендија која сезоната ја завршува на третата позиција со победа од 2:1 на гостувањето против Работнички додека Тиквеш со триумф од 4:1 во Прилеп ја испрати Победа во понизок ранг.

Академија Пандев и Силекс постигнаа по два погодоци и освоија по бод додека Брегалница како гостин го совлада Скопје со 2:1.

 

ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА / 33. КОЛО

СТРУГА – ШКУПИ                                             2:1

Радески 50, Ибраими 85 – Адетунџи 28

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА                        1:2

Рушевиќ 76 – Дориев 51, Шаља 76

А. ПАНДЕВ – СИЛЕКС                                    2:2

Љамалари 3 (аг), Трајков 6 – Јанкулов 11 (аг), Ѓорѓиевски 18

ПОБЕДА – ТИКВЕШ                                        1:4

Ѓурковиќ 42 – Миловановиќ 51, 54, 84, Ивановски 89 (пен)

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА                               1:2

Хајдари 30 – Ѓорѓиев 21, Ѓокиќ 85

ФОТО: Игор Паневски