Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје со 3320 заразени со корона , само денеска нови 261 случаи 

/

пред 2171 дена

Сподели преку :

Главниот град останува КОВИД жариште. Нови 261 заразени во последното деноноќие. Метрополата не изостанува и во црните статистики , само денеска 4 луѓе ја изгубија битката за живтот со вирусот – најмладиот пациент помеѓу починатите е 36 годишен пациент.

Во Скопје вкупно има 3320 активни случаи. А само во Карпош, Аеродром  и Центар има и по неколку стотици позитивни на корона.  Ваквиот скок на новозаболени во овие општини, од Институтот за јавно здравје велат дека е затоа што не се почитуваат мерките.

И Аеродромците кои зборуваа пред нашата камера со став дека маски треба да се носат секаде, дури и на отворено, а и дека ваквите бројки се поради гужвите и непочитување на мерките.

Веднаш зад Аеродром втор на листата е Карпош.

Таму бројот на позитивни на ковид надмина 500. Градоначаникот на општината, Богоев за Телма вели дека тие ќе се обратат и до Владата, комсиијата и кризиниот штаб , но и дека до сега два пати  се обратиле и до МОН.

“Информиравме за капацитетите во основните училишта, кадар и простор (за продолжен престој), а побаравме и мислење за користење на салите и другите делови од училиштето” – изјави за Телма, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Со бројките се доближува и Центар. Првиот човек на општината Богановиќ вели дека ваквата статистика е поради тоа што оваа е општина каде што секој ден има голема резиденција на луѓе

Инаку, во Скопје со двоцифрени бројки на ковид болни се и Кисела Вода, Ѓорче Петров и Бутел.

Теодора Цветковска