Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гевгелискиот музичар Васил Ангов почина од коронавирус

/

пред 2171 дена

Сподели преку :

Утрово гевгеличани ги потресе веста дека од компликации на коронавирусот почина нивниот сограѓанин, пејач и музичар Васил Ангов, роден 1969 година.

Музичкиот свет во земјава остана без уште еден одличен музичар со препознатлив глас кој беше меѓу најпопуларните пејачи во редината на деведесеттите години од минатиот век.

Неговата музичка кариера започна со песната „Кому да го дадам срцето“ од неговата сограѓанка Оливера Станковска,,а продолжи со песни од Григор Копров што ги пееше на Скопскиот фестивал и на Макфест.

Последниве години повеќе настапуваше во живо низ гевгелиските локали каде во дует со синот Димитар ги забавуваше своите сограѓани.