Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тренчевска: Ќе се зајакнуваат капацитетите на стручните служби во училиштата

/

пред 1237 дена

Сподели преку :

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во врска со препораките за безбедност во училиштата рече дека најнапред ќе се зајакнат капацитетите на стручните служби во училиштата.

– Претходно, ние имавме координација со министерот за образование и наука за да ги зголемиме капацитетите на стручните лица, кои ќе работат на превенција во основните и во средните училишта и затоа се вклучени стручните лица во Центарот – психолози, педагози, социјални работници, кои ќе работат на превенцијата и едукацијата со деца, наставници и родители, рече Тренчевска.

Според неа, голема е и улогата на центрите за социјална работа каде, како што вели, има доволно кадар.

– Секое врсничко насилство што се пријавува, се пријавува до Центарот за социјални работи во општината каде што се случило. Со оглед дека се работи за малолетни деца, Центарот секогаш постапува согласно своите надлежности, рече Тренчевска.

Таа подвлече дека одговорноста е на сите- на Владата, училиштата, општините, родителите.

– Сите треба да ги споиме нашите капацитети, нашите сили и да превенираме да не дојде до ситуација каква што се случи неодамна во Белград. Никогаш не е доцна за превенција. Подобро е да работиме здружени со поголем број активности секој ден на терен и да не дозволиме ниту едно дете да биде предмет на врсничко насилство, рече министерката.