Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Француска доминација на првиот ден од Европското првенство во Скопје

/

пред 1237 дена

Сподели преку :

На првиот ден од Еропското првенство во спринт во кајак и кану на диви води што се одржува во Скопје доминираа репрезентативците од Франција.

Во класичната трка кај мажите злато за Максенс Бару, среброто му припадна на Симон Овен од Словенија додека трет е Кентан Бонетан од Франција.

Во оваа трка настапија и четири македонски репрезењнтативци, а најдобар пласман забележа Љубомир Спасиќ кој го освои 28 место. Александар Златаров беше 36-ти, Кристијан Лазаров целта ја мина како 40-ти, а на 42 позиција се пласираше Благој Гугинов.

Кај дамите најбрза беше Лорен Синесел од Белгија пред Германката Софија Шмит и Лиз Винет од Франција.

Во кану златниот медал го освои Тео Виенс од Франција, втор е неговиот сонародник Шарл Ферион, а третото место го освои Норма Вебер од Германија.

Во женска конкуренција триумф на Италијанката, Сесилија Панато пред Лаура Фонтен од Франција, а трета е Аличе Панато од Италија.

Машки двојки првите две места им припаднаа на Французите. Први се Виенс и Сатур пред браќата Русен, а трети се Германците Хајлингер и Вебер.

Кај дамите триумф на сестрите Панато пред Французинките Фонтен и Жилбер, а со бронзата се закитија Новозадова и Палудова од Чешка.

ФОТО: Игор Паневски