Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски напладне очи во очи со лидерите на партиите од владината коалиција во Клуб на пратеници

/

пред 1250 дена

Сподели преку :

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се среќава со лидерите на партиите од владината коалиција. Средбата ќе се одржи напладне во Клубот на пратеници, а од владата велат дека станува збор за редовна средба на владините партнери.

Ковачевски вчера во владата имаше средба со амбасадорката Анџела Агелер, на која таа ја пренесе цврстата одлучност на САД да продолжат и понатаму да ја поддржуваат Македонија, високо ценејќи ги досегашните одлуки кои владата ги презеде за обезбедување на просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО.

Од владата додаваат дека средбата беше дел од редовниот дијалог со американската амбасадорка за заеднички теми во односите меѓу двете земји и доаѓа по посетата на премиерот Ковачевски на САД, минатата недела.