Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спалети си заминува од Наполи по историската шампионска титула?

/

пред 1236 дена

Сподели преку :

Наполи ова лето може да остане без тренерот Лучијано Спалети под чие водство клубот ја освои шампионската титула во Серија А по цели 33 години. Италијанските медиуми шпекулираат дека Спалети е во лоши односи со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис.

Искусниот италијански стратег има уште една година од договорот, но очигледно е дека ќе си замине уште ова лето.

Медиумите на Апенините веќе шпекулираат со имињата на новиот предводник на Наполи за кој игра и македонскиот репрезентативец Елиф Елмс. Прв кандидат би бил Антонио Конте, но во игра е и Рафаел Бенитез, кој веќе еднаш работеше во Неапол.

Интерес од Наполи има и за тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини и Винченцо Италијано од Фиорентина.