Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши и Деспотовски по нова странска инвестиција вредна 40 милиони евра

/

пред 1241 дена

Сподели преку :

Македонската економска делегација предводена од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ зоните во земјава Јован Деспотовски предмалку го потпишаа договорот со Белгиска компанија АБЕЕ за инвестиција вредна 40 милиони евра и со која се предвидува да се отворат 600 нови работни места.

Компанијата ќе биде сместена во Тирз зоната во Кичево и ќе произведува батерии за автомобилската индустрија.

Според најавите инвеститорот со градбата на објектот ќе почне на почетокот на идната година, а целиот погон треба да биде готов на крај на 2025 година.

Локацијата е избрана наменски односно предвидено е дел од вработените од ТЕЦ Осломеј да работат во оваа фабрика бидејќи плановите се до 2027 година електраната да биде затворена и да работи како гасна централа.

Според надлежните државната помош која ќе и биде дадена на компанијата се очекува да се врати за 4 до 5 години по основ на придонеси и ДДВ.

Со инвестицијата во Кичево очекуваат да се развијат и другите зони, а со тоа да се намали миграцијата на кадар од внатрешноста во главниот град.