Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бостон преживеа: Мајами испушти шанса за 4-0 (ВИДЕО)

/

пред 1230 дена

Сподели преку :

Бостон избегна елиминација против Мајами откако славеше на четвртиот натпревар во финалната плејоф серија во Источната конференција во НБА-лигата.

Селтикс ја запишаа првата победа во дуелот со Хит и тоа на гостински паркет со 116-99. Госите одиграа одлично второ полувреме, а Џејсун Тејтум беше најдобар на паркетот со 33 поени и 11 скока. Уште пет играч на Бостон имаа двоцифрен ефект во нападот, Џејлен Браун имаше 17, Грант Вилијамс 14. Кај Мајами, Џими Батлер реализираше 29 поени, а Гејб Винсент 17.

Следниот петти натпревар се игра во Бостон. Ако победи Мајами ќе се пласира во големото финале, каде го чека Денвер, кој ги збриша Лејкерс со максимални 4-0 на Западот.