Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кунде е несреќен во Барселона, но Чави вели дека нема никакви проблеми

/

пред 1232 дена

Сподели преку :

Во шпанските медиуми се појавија шпекулации дека Жил Кунде побарал да си замине од Барселона ова лето, бидејќи не е среќен. Наводно, Французинот не сака да игра на десната бековска позиција, односно сака да биде централен стопер.

Тренерот Чави вели дека разговарал со Кунде и дека нема никакви проблеми и фудбалерот бил среќен. Челси е подготвен веднаш да потроши богатство за дефанзивецот и наводно ќе понуди 80 милиони евра обештетување.

Барселона би заработила добро на Французинот, ако се знае дека го доведе минатото лето од Севилја за 50 милиони евра.