Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Законот за заштита од заразни болести утре пред пратениците

/

пред 2168 дена

Сподели преку :

По скратена постапка пратениците утре ќе треба да ја утврдат потребата од носење измени на Законот за заштита од заразни болести.Измените се однесуваат на инспекциските служби и нивните нови ингеренции.За секое прекршување ќе може да донесат решение за привремена забрана за вршење дејност.Се зголемуваат и казните за сторените прекршоци.Од 2500 до 3000 евра за микро трговец до 30 000 евра глоба за правното лице кое постапило спротивно на мерките.Предложените мерки ВМРО ДПМНЕ  ги смета за технички и несоодветни.Во воведот на законот пишувало дека се наметнува потреба за ревидирање на прекршочните одредби што според опозициската партија е сосема поразлично од она што го кажува изминатите  денови миниситерот за здраство Венко Филипче.

СДСМ повикува на конструктивност и одговорност при носењето на законот.Собранискиот спикер Талат Џафери се надева дека ќе се обезбеди мнозинство за гласање и дека  ќе се вратат на работа и тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид 19.Откако ќе се утврди потребата од носење на законот треба да заседаваат матичните собраниски комисии каде партиите ќе имаат можност да интервенираат и амандмански на зкаонскиот текст.

 

Јулијана Пешевска