Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Серхио Рико од ПСЖ се бори за животот – имал несреќа при јавање коњ

/

пред 1227 дена

Сподели преку :

Шпанскиот голман Серхио Рико, кој брани за ПСЖ се наоѓа во болница на интензивна нега откако утринава паднал при јавање коњ во Севилја. Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и неговата состојба е многу тешка.

ПСЖ ја потврди веста дека Рико се наоѓа во болница и е во контакт со семејството на голманот. Тој синоќа беше резерва на гостувањето кај Стразбур, по што неговиот клуб ја освои титулата. Веднаш заминал во својата Андалузија, каде утринава се случила несреќата.

29-годишниот голман дојде во ПСЖ од Севилја во 2019 година и досега запиша само 14 настапи.