Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави вечерва на социјалните мрежи дека е позитивен на новиот корона вирус.
Во објавата на фејсбук, Спасовски споделува дека има благи симптоми, добра клиничка слика и веќе е во домашна самоизолација.












