Претпладне променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура че биде во интервал од 9 до 15°C, а дневната од 21 до 27°C.
Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Информации од ова утро: 29.5.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
5 Лазарополе, 6 Берово, Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Крива Паланка, Претор, Крушево, 10 Тетово, 11 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Дебар, 12 Штип, Струмица, Охрид, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, Демир Капија, 14 Дојран, Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
12 Скопје-Зајчев Рид, 8 Пожар, 7 Дебар, 5 Струмица, 3 Демир Капија, 2 Гевгелија, 1 Охрид, Тополчани, Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











