Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спалети оди на одмор од фудбалот, Наполи бара нов тренер

/

пред 1226 дена

Сподели преку :

Лучијано Спалети го напушта Наполи по освојувањето на шампионската титула во Серија А, трета во историјата на клубот, а прва по 1990 година. Заминувањето на тренерот го потврди и претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис.

„Спалети ми рече дека сака да земе одмор од фудбалот, како би можел да му кажам не? Тој ми даде толку многу  и јас му се заблагодарив“, рече првиот човек на „наполитанците“.

Тоа значи дека Елиф Елмас и другарите летово ќе добијат нов тренер. Еден од главните кандидати за клупата на стадионот „Диего Армандо Марадона“ е Луис Енрике, но тој е цел и на Тотнем.

Од италијанските стратези веќе се споемнуваат и имињата на предводникот на Фиорентина, Винченцо Италијано, како и искусниот Џанпјеро Гасперини од Аталанта.