Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, од пладне нестабилно – Временска прогноза за 31.5.2023

/

пред 1227 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 14°C, а максималната од 20 до 27°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

6 Берово, 7 Лазарополе, Попова Шапка, 9 Крива Паланка, 10 Маврови Анови, Битола, Претор, Крушево, 11 Охрид, Прилеп, 12 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Струмица, Виница, Демир Капија, Дебар, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 14 Дојран, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

22 Куманово, 16 Пожаране, 12 Крушево, 3 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Берово, 1 Демир Капија, Пожар.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/