Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Биљана Ангелова од Економскиот институт избрана е за нов ректор на УКИМ

/

пред 1239 дена

Сподели преку :

Гласачката кутија на среде, а зад параванот одговорот – кој е новиот ректор?! Професори, доценти, студенти, по три години повторно имаат главен збор околу тоа кој да биде ректор на УКИМ.

За нов ректор е избрана проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт. Од Универзитетската изборна комисија попладнево ја потврдија веста за Телма.

Ангелова убедливо ја освоила довербата пред останатите кандидати и сега ќе биде втора жена-ректор во историјата на универзитетот, по д-р Радмила Кипријанова пред речиси три децении.

Противници на Ангелова и беа доктори на науки од различни научни подрачја, професорите Кочов, Дуев, Ајдински, Спасевска и Ташковски.

Гласањето започна точно напладне, а кутиите затворени во 14 часот.

На гласачките места по факултетите уште од почеток беше доста раздвижено. Право на глас имаа 1419 избирачи – редовни и вонредни професори, доценти и студенти.

Методологијата за тоа како се пресметува победникот на изборите, ја појаснија од Универзитетската изборна комисија.

„Се зема бројот на важечките ливчиња и се зема бројот најпрво колку има самиот кандидат. На пример, ако еден кандидат има 80 гласа, а изборната единица има 80 членови во избирачкиот список, во тој случај ќе имаме 80 поделено со 80, помножено по 2 и помножено по 100. Ако сите гласаат за еден кандидат, вкупниот број на поени од една единица е 200 поени.“ – вели проф д-р Родна Живковска, претседател на универзитетската изборна комисија

И студентите се дел од процесот и имаат свои пораки до идниот избран ректор. Повеќе да мисли на студентите и подобро да го води УКИМ до скок на листите на светските универзитети.

„Како најпрво, да се зголеми научно-истражувачката дејност затоа што преку таквите дејности на некој начин ќе се придонесе и за подобрување на статусот на УКИМ на светските ранг-листи. Од социјален аспект и од аспект на студентите ако е можно да се укине или намали школарината, затоа што знаете дека Македонија во најголем дел е социјална држава.“ –оцени Бојан Стојановски, студент во трета година на правни студии.

По објавување на резултатите, ќе биде доставен записник и одлука до кандидатите за ректор.

Од утре, па до 5 јуни е рокот за приговори, кои кандидатите може да ги испратат по електронски пат до Универзитетската изборна комисија и во архивата на УКИМ.

Одлуки по приговорите ќе има за една недела. Досегашниот ректор Јанкуловски ја извршуваше функцијата во два мандати и со тоа сега нема право да се кандидира.

Петар Догов