Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џејкобс се откажа од митингот во Фиренца

/

пред 1223 дена

Сподели преку :

Олимпискиот шампион на 100 метри, Марсел Џејкобс поради повреда го откажа настапот на митингот од Дијамантската лига што ќе се одржи в петок во Фиренца.

Италијанскиот спринтер се уште не се рехабилитирал од повредата што ја заработи за време на Светското првенство во Јуџин минатата година и поради која ја пропушти првата фаза од новата сезона.

Во име на Џејкобс се огласи Италијанската атлетска федерација која соопшти дека тој се уште не е доволно закрепнат по долгата пауза и се очекува наскоро да се врати на патеките.

Џејкобс очекува дека ќе биде максимално подготвен за настап на Светското првенство кое во август ќе се одржи во Будимпешта.

ФОТО: Игор Паневски