Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарките немоќни и против Летонија

/

пред 1221 дена

Сподели преку :

Македонската женска одбојкарска репрезентација денеска го запиша и вториот пораз во Европската сребрена лига. Денеска нашите девојки беа поразени од Летонија во три сета.

Одбојкарките најдобро го одиграа првиот сет, што го загубија тесно со 23-25. И во вториот сет имавме добри моменти, но Летонките славеа со 18-25 исто како и во третиот сет.

Тамара Стојанова со 11 поени беше најдобрата одбојкарка во составот на Македонија, Симона Стојановска и Љиља Ковачевиќ имаа по шест поени, Марина Николова четири.

На првата средба во групата А исто така загубивме во три сета од Австрија. Оваа селекција денеска пак загуби од лидерот во групата Естонија, која има максимално шест бода. Токму Естонките се наши следни ривалки во третото коло, меч што се игра во сабота со почеток во 17.30 часот повторно во „Борис Трајковски“ во Скопје.