Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Нов пораз на одбојкарките, но и ново искуство на големата сцена

/

пред 1221 дена

Сподели преку :

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија доживеа пораз и во вториот настап во Сребрената лига на Европа. Овој пат од македонските одбојкарски поуспешни беа гостинките од Летонија кои славеа со 3:0 по сетови 23:25, 18:25 и 18:25.

Без оглед на новиот пораз веќе во вториот настап евидентен е прогресот во нашиот состав и вечерва во арената Борис Трајковски репрезентацијата на Македонија беше на прагот да го освои првиот сет, а беше рамноправен противник во текот на целиот натпревар.

Следниот настап селекцијата на Македонија го има в сабота и овој пат е домаќин на Естонија, а почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот и 30 минути.

ФОТО: Игор Паневски