Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши очекува поскапувањето на струјата да биде помало од 13 проценти

/

пред 1231 дена

Сподели преку :

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека струјата нема да поскапи 13 отсто и дека зглемувањето ќе биде помало.

Иако енергетските оператори побараа далеку повисоки покачувања на цената, клучно е колку ќе изнесува цената за мегават час по која ЕСМ ќе ја продава на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Која е цената која државната компанија ќе ја понуди на ЕВН Хоум засега не е познато, бидејќи не е доставена ниту до Владата која треба да ја одобрти или корегира.