Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанија ги доби ветените 72 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската криза

/

пред 1231 дена

Сподели преку :

Европската унија и префрли на Владата на Албанија 72 милиони евра како дел од поддршката на ЕУ за справување со социо-економските последици од енергетската криза.

Овие средства се дел од Пакетот за поддршка на енергијата, објавен на Самитот за Западен Балкан во Тирана во декември минатата година и потпишан со Владата во март годинава во рамките на Годишниот акционен план ИПА 2023 година.

– Овој пакет ја поддржува Владата во спроведувањето мерки за заштита на потрошувачите во Албанија од влијанието на енергетската криза.

Во 2024 година ќе се префрлат уште 8 милиони евра во пресрет на напредокот што ќе се постигне со спроведувањето на соодветните мерки од страна на Владата.

– Овие владини мерки меѓу другото вклучуваат субвенционирање на цените на енергијата (по можност под одреден месечен праг на потрошувачка) за домаќинствата и малите и средни претпријатија во Албанија за да се обезбедат слични стапки како пред енергетската криза од 2021 година.  Се проценува дека ќе опфатат околу 1 милион домаќинства и 168 000 мали и средни претпријатија, наведуваат медиумите.

Дополнително, овој пакет ги поддржува и напорите на владата за диверзификација на изворите на енергија преку нови инвестиции во производството на енергија од ветер и сончева енергија, ново законодавство за обновлива енергија во согласност со стандардите на ЕУ и шеми за поддршка на потрошувачите за инсталирање соларни панели.