Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА размислува да делегира нов судија за финалето во ЛШ

/

пред 1222 дена

Сподели преку :

Европската фудбалска асоцијација размислува да отвори сопствена истрага околу скандалот во кој е вмешан полскиот судија Шимон Марчињак, кој е делегиран да ја дели правдата на финалниот натпревар во Лигата на шампионите.

Реакцијата на УЕФА доаѓа по веста објавена во полските медиуми дека Марчињак присуствувал на собир на националистичката партија Конфедерација.

Марчињак ја демантираше информацијата потенцирајќи дека секогаш се дистанцирал од политиката и дека во ниту еден момент не ја поддржувал партијата која промовира расистички, антисемитски ставови.

Висок претставник на УЕФА најави дека ќе има средба со полскиот судија и во најкус можен рок ќе ја истражи оваа информација и доколку е потребно ќе делегира нов делител на правдата.

ФОТО: Игор Паневски