Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кипјегон постави нов светски рекорд на 1500 метри

/

пред 1220 дена

Сподели преку :

Атлетичарката од Кенија, Фејт Кипјегон на митингот од Дијамантската лига што се одржа во Фиренца постави нов светски рекорд на 1500 метри.

Таа делницата ја мина за 3 минути 49 секунди и 11 и за 94 стоти дела го надмина осум години старото постигнување на Гензебе Дибаба од Етиопија.

Дваесет и деветгодишната Кипјегон која е двојна олимписка шампионка во оваа дисциплина стана првата жена која патеката од 1500 метри ја минала со време под три минути и 50 секунди.

Второто место и припадна на Британката, Лора Мјуир која на целта пристигна со време од 3:57.09 додека трета е Џесика Хал од Австралија.