Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милан заинтересиран за слободниот агент – Илкај Гундоган

/

пред 1221 дена

Сподели преку :

Милан летото ќе се обиде да не ги повтори грешките од минатото лето, кога имаше очаен преоден рок и сите засилувања освен едно, Малик Чау, никој не ги оправда очекувањата.

Сега клубот планира да направи голема реконструкција во составот, а веќе ги договори голманот Марко Спортиело до Аталанта и Даичи Камада од Ајнтрахт Франкфурт. Милан сака нов силен среден ред, па веќе е во напредни преговори со Рубел Лофтус-Чик од Челси, а последните информации во италијанските медиуми како „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“ се дека директорите Паоло Малдини и Фредерик Масара се во контакт со агентите на Илкај Гундоган.

Германскиот репрезентативец си заминува од Манчестер сити како слободен агент и сака нов предизвик во кариерата. Интерес за Гундоган има и од Барселона, но овој клуб има финансиски потешкотии па веројатно ќе се откаже од намерата.

Милан сака сериозни засилувања во средниот ред, бидејќи еден од носителите на играта Исмаил Бенасер поради тешка повреда ќе отсуствува од терените барем до декември.