Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер Сити почна преговори за трансфер на Маунт

/

пред 1221 дена

Сподели преку :

Англискиот репрезентативец Мејсон Маунт е една од ѕвездите на летниот преоден рок во Англија. Фудбалерот на Челзи следната година ќе има статус на слободен играч, но тој уште сега сака да ја смени средината.

За Маунт интерес покажаа неколку членови на Премиер лигата, но најконкретен во моментов е Манчестер Сити чии претставници веќе ги имале првите контакти со членови на раководството на тимот од Стемфорд Бриџ.

Според последните информации првакот на Англија за 24 годишниот фудбалер понудил 55 милиони фунти што е далеку под бараната сума од страна на Челзи, кој за предвремен раскин инсистира на обештетување од 70 милиони.

Медиумите на Островот најавуваат дека наскоро преговори со Челзи треба да почне и Манчестер Јунајтед додека Ливерпул одамна најави дека нема намера да учествува во наддавањето за англискиот репрезентативец.

ФОТО: Игор Паневски