Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Одбојкарите ја продолжија триумфалната серија

/

пред 1218 дена

Сподели преку :

Македонската машка одбојкарска репрезентација ја забележа и втората победа во годинешното издание од Златната европска лига.

Вечерва во арената Борис Трајковски, Македонија по голема борба во меч што траеше 131 минута во пет сета ја совлада Хрватска.

Нашите одбојкари одлично го отворија мечот и првите два сета ги решија во своја полза со 25:17 и 25:22. По одличното отворање се очекуваше лесна задача и победа со максимален резултат, но Хрватска успеа да направи пресврт и во следните два сета славеше со 25:22 и 31:29.

И во петтиот решавачки сет се водеше жестока битка, но на крајот македонските репрезентативци славеа со 16:14 и триумфираа со 3:2.

ФОТО: Игор Паневски