Освојувачот на сребрениот медал од последните Олимписки игри, Дејан Георгиевски на Светското првенство во теквондо што се одржува во Баку забележа пораз во второто коло.
Тој во категоријата преку 87 килограми е совладан Ал Акбар Амири од Авганистан.
Георгиевски во првата рунда беше слободен додека неговиот противник на стартот беше убедлив во соочувањето со Александар Филипов од Израел.
Ал Акбар во осминафиналето ќе се сретне со Ајуб Басел од Мароко.
ФОТО: Игор Паневски











