Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гвардиола не дозволува трансфер на Бернардо Силва

/

пред 1220 дена

Сподели преку :

Менаџерот на Манчестер Сити, Жозеп Гвардиола во текот на летниот преоден рок не сака да остане без еден од клучните играчи од средниот ред и поради тоа од челниците на клубот бара да не се дозволи трансфер на Бернардо Силва.

“Се надевам дека нема да замине, верувам дека и натаму ќе биде дел од нашата екипа. Јас побарав тој да остане, но ќе видиме што ќе се случи”, изјави менаџерот на Манчестер Сити по вчерашниот триумф во ФА купот.

Дваесет и осум годишниот Португалец веќе подолго време бара дозвола да ја смени средината. Минатото лето беше поврзуван со преселба во Барселона, која се повлече од трката поради високото обештетување.

Каталонците повторно се споменуваат како можни кандидати за негово ангажирање, но сега листата на заинтересирани клубови е подолга и се споменуваат Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Бернардо Силва со Манчестер Сити има договор до 2025 година со откупна клаузула од 178 милиони евра, но се говори дека постои можност тој за двојно помала сума да се пресели во друг клуб.

ФОТО: Игор Паневски