Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува ИТФ турнирот во Скопје

/

пред 1218 дена

Сподели преку :

Од денеска Скопје е домаќин на уште еден меѓународен тениски турнир. Со мечевите од првото квалификациско коло денеска почна ИТФ турнирот со награден фонд од 25.000 долари, а меѓу учесниците повторно се наоѓаат најдобрите македонски тенисери предводени од Калин Ивановски.

Денеска на програмата се мечевите од првото квалификациско коло, а на терените ќе се појават неколку тенисери од Македонија.

Стефан Мицов кој е поставен за втор носител во квалификациите ќе се соочи со Бојан Стефановски, Андреј Саздовски за противник го има Марио Тодороски додека Дарио Колевски ќе се сретне со Идс Вотерболк од Холандија.

И утре на терените на ТК Југ ќе се играат мечевите од квалификациите додека од вторник почнуваат дуелите од главниот турнир.

Финалето во поединечна и конкуренција на двојки ќе се одржи в недела.

Сите заинтересирани мечевите може да ги следат на терените на ТК Југ, а влезот е бесплатен.

ФОТО: Игор Паневски