Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ Скопје по десетти пат шампион на Македонија

/

пред 1218 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањето во Битола го совладаа Пелистер со 92:83 и со вкупен резултат од 3:0 триумфираа во финалната серија од разигрувањето за шампионската титула.

Екипата од Аеродром го одбрани трофејот освоен минатата година, а воедно ја продолжи триумфалната низа и по десетти пат во клупската историја се закитија со шампионската титула.

Најзаслужен за победата беше Војдан Стојановски кој мечот го заврши со 33 поени и седум скока, Абдул Абу додаде 12 поени и четири освоени топки под обрачите додека Дастин Вер беше стрелец на 16 поени.

Во редовите на Пелистер Донтеј Краутерс постигна 18 поени, а Андреј Маслинко додаде 15 поени и седум скока.

ФОТО: Игор Паневски