Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојузот на средношколци со иницијатива до Уставен за оценување на уставноста на Законот за средно образование

/

пред 1217 дена

Сподели преку :

Сојузот на средношколци денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на сегашните одредби во Законот за средното образование , поточно член 41а. Тие уште во март до Собранието доставија предлог за изменување и дополнување на Законот за средното образование, со цел да се овозможи бесплатен јавен превоз за учениците во приватните средни училишта.

Предлогот не се однесува само на средношколците од приватните училишта, туку со него се бара бесплатен превоз и за средношколците со посебни образовни потреби сместени во државните домови, за оние кои живеат на помалку од два и пол километри од училиштето и за учениците со феријална пракса.

Средошколците им дадоа два месеца рок на пратениците за да го донесат законот, но досега ниту еден пратеник не ги контактирал.