Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, од пладне нестабилно – Временска прогноза за 10.6.2023

/

пред 1217 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 18°C, а максималната од 23 до 30°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Лазарополе, 9 Попова Шапка, Маврови Анови, 10 Битола, 11 Охрид, Крива Паланка, 12 Претор, Крушево, Берово, Тетово, 13 Прилеп, 14 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Виница, 15 Струмица, Демир Капија, Штип, Кавадарци, 16 Гевгелија, Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

8 Крива Паланка, 5 Тетово, 3 Пожаране, Попова Шапка, 2 Берово, 1 Виница.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/