Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не се размислува за вонредна состојба, ниту за ограничување на движењето

/

пред 2165 дена

Сподели преку :

Нема потреба од ново прогласување вонредна состојба, ниту пак од некакво ограничување на движењето на граѓаните, смета државниот врв. Ова прашање воопшто не било отворено на седницата на Советот за безбедност. Имаме функционално Собрание кое може да ја прогласи ако има потреба, а независно од тоа може да биде воведен полициски час или карантин, иако во моментот нема потреба од тоа, уверуваат претседателот и премиерот.

Здравствената состојба е исклучително сериозна, реферирал министерот за здравство Филипче. Но, забрана за напуштање на домовите не наложуваат ниту другите европски земји.

Државниот врв апелира да се носи маска, да се држи растојание и дезинфицирање. Уверуваат дека не постојат мерки препорачани од Светската здравствена организација кои кај нас не се применуваат, но разликата е во нивото на почитување и на имплементација.

Соња Николовска