Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прогласена елементарна непогода во Делчево – водоснабдувањето нормализирано, се расчистуваат штетите од поплавите

/

пред 1229 дена

Сподели преку :

Поплавени домови, улици, автомобили. Градежната механизација утринава работеше на расчистување на калта и наносите од камења и предмети по улиците. Жители на Делчево ги расчистуваат штетите по дворовите и во куќите, каде што им влегла вода. Семејството на Самика Фејзулова и нејзините соседи ја изнесуваа покуќнината и електричните апарати на долните катови ги изнесуваат. Штетите се големи, а какошто велат за нив нема сон.

Најголемите штети по домовите се во населбите Пролет и Басарица,  има уништено улици, автомобили.

Екипи на ЈКП „Брегалница“ и на ТППЕ Делчево интензивно работеа на санирање на штетите од вчерашнпото невреме што го зафати Делчево. Се проценува дека штета има на околу 50 објекти. Според граѓаните не е  само дождот виновен за елементарната непогода, туку и неисчистените каналите во кои се влева атмосферската вода.

Градоначалникот Трајковски изрази благодарност до противпожарните единици од Кавадарци, од Берово, од Пехчево, од Македонска Каменица, од Виница и останатите кои учествувале и се понудиле да помогнат. Водоснабдувањето е нормализирано, така што граѓаните можат да ја користат водата за пиење. На вонредната седница на Советот на општината едногласно е одлучено да се прогласи елементарна непогода, комисиите излегуваат веднаш на терен.

Викторија Јованова