Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, од пладне на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 11.6.2023

/

пред 1216 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19°C, а максималната од 21 до 26°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Лазарополе, 9 Маврови Анови, Попова Шапка, 11 Берово, Битола, 12 Крушево, Крива Паланка, Охрид, Претор, 13 Тетово, Прилеп, 14 Виница, Велес, Скопје-Петровец, 15 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Штип, 16 Струмица, Дојран, 17 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

18 Куманово, 12 Дојран, Берово, 5 Ѓуриште, 4 Попова Шапка, 3 Пожар, 2 Струмица, Штип, 1 Скопје – Петровец.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/