Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарките гостуваат кај Естонија, одбојкарите бараат победа и во Белгија

/

пред 1211 дена

Сподели преку :

Македонската женска одбојкарска репрезентација денеска од 15 часот гостува кај Естонија во рамки на 4.коло во Европската сребрена лига. Нашите девојки откако загубија на сите три натпревари во групата на домашен терен, денеска се надеваат на барем првиот освоен сет во натпреварувањето. Естонија е лидер во групата А откако славеше на сите три натпревари во Скопје и притоа загуби само еден сет.

Попладнево од 18 часот, машката одбојкарска репрезентација се соочува со Белгија на гостински терен. Во првата меѓусебна средба во Скопје, нашите одбојкари славеа со 3-1 во сетови. По три одиграни кола во Европската златна лига, Македонија освен Белгија, на домашен терен ја победи и Хрватска со 3-2 во сетови, а единствено загуби од Украина на гости, репрезентација која има максимален ефект во групата Б.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски се надеваат на уште една добра игра и секако победа со која би се зацврстиле на втората позиција на табелата во групата. Утре од 20 часот, Хрватска ја пречекува Украина.