Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи: ДУИ ќе ја напушти владата, дента кога уставните измени ќе стапат на сила

/

пред 1228 дена

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција одговори на условот што го постави опозицијата во однос на уставните измени. Централното претседателство кое попладнево расправаше за случувањата по лидерската средба, ја повтори одлуката дека партијата ќе ја напушти владата, дента кога уставните измени ќе стапат на сила, но и самата постави услов – паралелно да почне ветинг на сите политички партии.

Од ДУИ велат дека Македонија има историска шанса, каква што нема да има во наредните две децении.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека нивни услов е преодна влада без ДУИ, излегување на ДУИ од сите ешалони, и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во Европската унија.