Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Висеше на 72-от кат на зграда, со голи раце и без опрема сакал до 123-от кат – Британец уапсен во Сеул

/

пред 1210 дена

Сподели преку :

Британски државјанин е уапсен од јужнокорејските власти во Сеул, бидејќи од надворешната страна на петтата највисока зграда во светот се искачи до 72 кат, на висина од околу 310 метри, со намера да изведе скок со падобран.

Повеќе од 90 припадници на итна помош, полицијата и други служби ја опколија зградата Лоте Ворлд Тауер (Lotte World Tower) со вкупно 123 ката, откако Бритабнецот беше забележан на стаклената фасада.

Видео – Ројтерс

Џорџ Кинг Томпсон со себе носел падобран, а пред полицијата и рекол дека сака да скокне од врвот на зградата, откако со голи раце и без никаква опрема ќе се искачи до врвот.

Пожарникарите соопштија дека Томпсон, при искачувањето, го повредил коленото, но дека генерално се чувствува добро.