Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработените во УЈП не можат да го остварат своето право на повисоки плати, синдикатот најавува протест

/

пред 1219 дена

Сподели преку :

Според синдикалната организација во УЈП, во новиот Колективен договор утврдено е зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, што е легитимно и основано согласно одредбите на член 66 од Законот за буџети кои се потврдени и во Собранието со давање автентично толкување. Протестот ќе се одржи во 11 часот пред зградата на Министерството за финансии.

  • „Министерството за финансии имаше забелешки на договорот за наводни финансиски импликации по буџетот на Македонија по што се изготви содржина на колективниот договор прифатлива за сите. Но до ден денеска, од неразбирливи причини согласноста за потпишување на договорот не е добиена, а вработените во управата не можат да го остварат своето право на повисоки плати. Затоа решивме да го одржиме денешниот протест. За 14 години платите на вработените во УЈП се корегирани само за 5%, а во последните 4 години ниту еден денар. Ја искажуваме нашата загриженост поради можноста да настанат непосакувани состојби, условени од неисполнување на работните задачи и обврски на вработените при евентуално одржување на генерален штрајк на што се инсистира од страна на вработените“, соопшти синдикална организација Солидарност во УЈП.