Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработени во УЈП на предупредувачки протест пред Министерството за Финансии

/

пред 1219 дена

Сподели преку :

Вработени во УЈП излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за Финансии со барање за повисоки плати. Од синдикалната организација бараат средба со министерот Фатмир Бесими.

Иако пред неколку дена била постигната согласност за колективниот договор со ресорното министерство, истиот според нив од неразјаснети причини се уште не е потпишан.

  • „Министерството за финансии имаше забелешки на договорот за наводни финансиски импликации по буџетот на Македонија по што се изготви содржина на колективниот договор прифатлива за сите. Но до ден денеска, од неразбирливи причини согласноста за потпишување на договорот не е добиена, а вработените во управата не можат да го остварат своето право на повисоки плати. Затоа решивме да го одржиме денешниот протест. За 14 години платите на вработените во УЈП се корегирани само за 5%, а во последните 4 години ниту еден денар. Ја искажуваме нашата загриженост поради можноста да настанат непосакувани состојби, условени од неисполнување на работните задачи и обврски на вработените при евентуално одржување на генерален штрајк на што се инсистира од страна на вработените“, соопшти синдикална организација Солидарност во УЈП.

Вработените во УЈП не можат да го остварат своето право на повисоки плати, синдикатот најавува протест