Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија отвора со дуелот против Малта

/

пред 1208 дена

Сподели преку :

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија од утре го почнува настапот во третата Европска зона од ова натпреварување.

Во првиот дуел избраниците на капитенот Горан Шевченко за противник ќе ја имаат селекцијата на Малта. За нашиот национален тим ова ќе биде јубилеен 100. настап во Дејвис купот и според квалитетот на тимот Македонија е фаворит и се очекува мечевите во фазата по групи да ја почнеме со победа.

Во изминативе години два пати во Дејвис купот сме се соочиле со Малта и сме забележале исто толку победи.

Според најавите утре против Малта прв на теренот ќе се појави Обрад Марковски, а потоа следува и настапот на нашиот прв играч Калин Ивановски.

Ивановски и Берк Бугариќ најверојатно ќе настапат во игра на двојки бидејќи двајцата тенисери беа дел од последните два турнири што се одиграа во Скопје.

Покрај Македонија и Малта во нашата група се уште селекциите на домаќинот Кипар и Молдавија.

Од вкупно седум репрезентации место во повисок ранг обезбедуваат три тима.

ФОТО: Игор Паневски