Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швајцарска четворка ни суди против Украина

/

пред 1210 дена

Сподели преку :

Триесет и осум годишниот професор од Луцерн, Лукас Фандрих е делегиран за главен арбитар на првиот дуел од овој циклус на квалификации за Европското првенство кој Македонија в петок ќе го одигра во Скопје против селекцијата на Украина.

Фандрих трета година го носи знакот на ФИФА токму на мечот против Украина за прв пат во 2023-тата ќе биде главен судија на еден натпревар од квалификациите за Евро 2024.

На почетокот од циклусот во март тој беше четврти судија на мечот меѓу Шкотска и Шпанија, а пред две години беше главен арбитар на натпреварот од квалификациите за СП во Катар меѓу репрезентациите на Албанија и Сан Марино.

Швајцарецот во октомври 2020 година бил главен судија на мечот меѓу селекциите на Казахстан и Македонија на кој славевме со 4:1, а беше и делегиран и на дуелот во кој минатото лето Шкендија во рамки на квалификациите за Конференциската лига го совлада Арарат со 2:0.

Оваа сезона како четврти судија бил делегиран на четири меча од Лигата на шампионите, како и на натпревар од Лига Европа меѓу Рома и Реал Сосиедад.

Фандрих оваа сезона беше главен судија и на финалето од Купот на Швајцарија во кој Јанг Бојс го совлада Лугано со 3:2.

ФОТО: Игор Паневски