Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Приштина убиен еден од осомничените за двојното убиство во „Шиша Бар“, по него имало и меѓународна потерница

/

пред 1209 дена

Сподели преку :

Првичните полициски информации во Косово, објавени во тамошните медиуми, синоќа е убиен македонскиот државјанин Блерим Даци кој имал документи на име Блерим Шабани.

Според сознанија на Телма потврдени од извори во истрагата станува збор за лице осомничено дека учествувало во нападот со двојното убиство во локалот „Шиша Бар“ во старата скопска Чаршија пред три месеци. За сега нема информации дали двата настани, убиството во Приштина и нападот во Чаршијата се поврзани.

За Даци се води друг предмет во обвинителството и во судот, а се однесува на случај од лани во ноември кога му било пронајдено нелегално оружје.

Од скопскиот Кривичен суд ни одговорија дека на Блерим Даци алијас Шабани уште во Ноември минатата година му била определена мерка притвор за нелегално поседување на оружје но никогаш не бил приведен и по него е распишана меѓународна потерница.

Претходно судот на Даци му определил куќен притвор но мерката била преиначена во затворски, а МВР потврдило дека осомничениот ниту еден ден не ја испочитувал одлуката на судот и оттогаш се води дека е во бегство.

Инаку, автомобил со македонски регистарски ознаки доцна синоќа се нашол под огнена канонада од автоматско оружке на сред Приштина, а во инцидентот убиено е едно лице кое било во македонското возило.

Дека станува збор за македонски државјанин потврди и министерот за надворешни работи Бујар Османи, но не кажа повеќе детали за инцидентот.

На еден километар од местото на убиството било пронајдено друго запалено возило за кое  се претпоставува дека било користено од извршителите на ликвидацијата. Косовските медиуми објавија дека во близина на местото на злосторството биле најдени две автоматски пушки калашњиков.

Во Приштина изрешетан автомобил со македонски регистарски ознаки, убиено е едно лице